Омерагиќ ги пречека челните луѓе на Црвена Звезда во „Куќата на фудбалот“


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Масар Омерагиќ, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), денеска оствари состанок со делегација од српскиот клуб Црвена Звезда, во просториите на „Куќата на фудбалот“ што се наоѓа во Скопје.

Во делегацијата од Србија беа генералниот директор Звездан Терзиќ и претседателот Светозар Мијаиловиќ. На состанокот од македонска страна учествуваше и Игор Ивановски, спортскиот директор на Вардар.

„Ни беше чест да бидеме домаќини на раководството на Црвена Звезда – еден од најдобрите клубови на нашите простори, но исто така, клуб што отсекогаш бил поврзан со македонскиот фудбал и народ. Црвена Звезда не е само спортски гигант, туку и модел на организација и професионализам кој треба да се следи. Доколку сакаме македонскиот фудбал да се доближи до европските стандарди, мора да учиме од најдобрите во регионот и да градиме партнерства. Пријателските односи се од клучно значење за иднината на нашиот фудбал“, кажа Омерагиќ.