Онана ги потврди шпекулациите и ги изненади навивачите на Јунајтед


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Андре Онана ова лето пристигна во Манчестер јунајтед од Интер за 50 милиони евра, но не се прослави на почетокот на сезоната.

Избраниците на Ерик Тен Хаг во претходното коло во Премиерлигата беа поразени на гостувањето на „Емирати“ со 1-3 од Арсенал.

Онана денеска преку социјалните мрежи го потврди тоа што се шпекулираше во изминатите недели, а тоа е дека се враќа во репрезентацијата на Камерун.

„Моја желба е да играм за репрезентацијата. Решив да го прифатам повикот. Време е повторно да бидеме заедно и да изградиме добар однос и да постигнеме подобри резултати“, вели Онана.