Онана го напушта Јунајтед? Ова се неговите опции


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед би можел наскоро да се откаже од уште еден скап неуспех.

Како што е познато, последниот ден од преодниот рок на „Театарот на соништата“ дојде Сене Ламенс од Ројал Антверпен и младиот Белгиец ќе биде прв избор на Рубен Аморим.

Наводно, Јунајтед сега бара начини да го продаде или Андре Онана или Алтај Бајиндир, кој имаше предност на стартот од Премиер лигата, но не се прослави.

Медиумите наведуваат дека Онана е побаран на пазарот, но за сега опциите се само Турција и Саудиска Арабија, каде што уште трае преодниот рок.

Ако погледнеме во Турција, Галата и Фенер не се опции, бидејќи двата гиганти доведоа нови голмани. Галата го скрши банката и го сруши рекордот за Угурчан Чакир од Трабзон, додека во Фенербахче пристигна Едерсон од Манчестер Сити.

Саудиска Арабија, секако, останува опција, останува да видиме за кои клубови. Ал Хилал го чува голот со Боно, во Ал Наср е бразилецот Бенто, додека Едуар Менди е капитен на Ал Ахли, па така е невозможно да оди во овие тимови. Останува да видиме кои се останатите опции во саудиските клубови.

Фото: Принтскрин

.