Онана ќе игра два меча на два континенти за само 24 часа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана прифатил да игра два натпревари за 24 часа, и тоа најпрво за премиерлигашот, а потоа за репрезентацијата на Камерун.

Онана ќе брани на 14 јануари за „црвените ѓаволи“ против Тотнем, а потоа ќе замине за Брегот на Слоновата Коска, каде што во рамки на првото коло од Африканскиот куп на нации ќе брани за Камерун на 15 јануари од 17 часот.

Таков договор постигнале Манчестер јунајтед и Фудбалската федерација на Камерун, а Онана без проблеми го прифатил предлогот.