„Опта“ пресмета кој е најголем фаворит за трофејот во Лигата на шампиони


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Првите дуели од четвртфиналето на Лигата на шампионите донесоа навистина спектакуларни натпревари, а еден чекор до пролаз се Арсенал, Барселона, Интер и ПСЖ, а сега се знае и кој е главниот фаворит за освојување на најголемото клубско натпреварување во светот.

Четири навистина фантастични натпревари видовме во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Арсенал, Барселона и ПСЖ се со една нога во полуфиналето, а во добра предност е и Интер кој како гостин го победи Бајерн со 2:1.

По овие дуели имаме и нов фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Тоа е екипата на Арсенал.

Со анализа на Опта, шансите на Арсенал за освојување на Лигата на шампионите се најголеми – 27.8 проценти со 95.7 проценти шанси дека ќе се најдат во полуфиналето и 52.9 проценти во финалето.

Втор фаворит е Барселона. Каталонците кои ја разбија Борусија од Дортмунд со 4:0 имаат 25.9 проценти шанси за освојување на трофејот.

Фото: Real Madrid/FB

.