Осасуна го маѓепса Бензема оваа година (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема не реализираше пенал против Осасуна (1-1) и така шпанскиот шампион остана без победа.

Во 78. минута Реал доби пенал по асистенција на ВАР-технологијата, по што 34-годишниот Французин ја презема одговорноста за ударот од белата точка.

Французинот ја погоди пречката, а ова е трет негов промашен пенал против Осасуна, и така постави неславен рекорд.

Бензема претходно промаши два пенали против Осасуна на 20 април, но тогаш Реал Мадрид славеше со 3-1.

„Кралевите“ оваа сезона имаат шест победи и едно реми по седум одиграни меча во Ла Лига и се на делба на првата позиција со Барселона со по 19 бодови.