Осихмен ја напушта Турција и прави спектакуларен трансфер во редовите на европски гигант?!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Виктор Осихмен повторно е во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност, а најновите информации насетуваат можност за голем трансфер.

Според достапните извори, нигерискиот напаѓач неодамна бил понуден на минхенскиот Баерн преку англиски посредник.

Оваа вест веднаш предизвика многу реакции, со оглед на името на Осихмен и неговиот статус како еден од најубоетите напаѓачи на денешницата.

По престојот во Турција, сѐ погласни се шпекулациите дека Осихмен може да направи нов чекор во кариерата и да се врати на најголемата европска сцена.

Самиот играч, како што се наведува, Баерн го доживува како исклучително голем и респектабилен клуб, што дополнително ги подгрева приказните за можен трансфер.

Профилот на Осихмен совршено се вклопува во филозофијата на германскиот гигант, со оглед на неговата сила, брзина и завршница.

Сепак, засега не е познато дали Баерн е подготвен конкретно да реагира или се работи само за иницијален контакт.

Финансискиот аспект на трансферот може да претставува најголема пречка, бидејќи Осихмен е еден од најскапите напаѓачи на пазарот.