Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионските соништа на Наполи почнаа да се рушат по поразот од Интер со 2-3, затоа што тимот од Неапол го загуби најдобриот напаѓач во моментов, Виктор Осимен.
Нигерискиот напаѓач го заврши мечот пред крајот на средбата поради удар во лицето, а на прегледите беше откриено дека му е скршена коска на лицето.
Првата прогноза беше дека ќе паузира само еден месец, но по операцијата во Милано беше откриено дека ќе паузира трипати повеќе, односно три месеци.
Докторот Тартаро му вградил титаниумски плочки и шрафови на Осимен во лицето за да може фудбалерот на Наполи да се чувствува подобро.
Фудбалерот на Наполи по судирот со Милан Шкринјар веднаш беше заменет откако неговата повреда можеше да се забележи на лицето.
BREAKING: Osimhen is expected to be out for 3 MONTHS 💙🤕
— Italian Football TV (@IFTVofficial) November 23, 2021
The player just had an operation on his cheekbone/eye socket, involving titanium plates and screws.
Get well soon, @victorosimhen9 🙏
📰 via Napoli pic.twitter.com/OiBlqapZeO