Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен (26), кој оваа сезона ја помина на позајмица во Галатасарај, преговара со Ал-Хилал за трансфер во саудискиот клуб, објавија италијанските медиуми.
Осимен минатото лето беше актуелна тема на трансфер пазарот. По одбивањето да игра за својот Наполи, многу се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата, но на крај заврши на позајмица во Галатасарај. Во турскиот клуб оваа сезона постигна дури 36 голови и осум асистенции во сите натпреварувања. На крајот од сезоната се враќа во Наполи, но италијанскиот клуб сигурно ќе го продаде ова лето, бидејќи во јуни следната година му истекува договорот.
Отштетната клаузула во неговиот договор изнесува 75 милиони евра, а богатиот Ал-Хилал може без проблем да го плати тоа. Саудискиот клуб во јануари спогодбено се раздели од бразилската ѕвезда Нејмар и сега сака да го ангажира Осимен, кој е светски познато име, а пред него се и најдобрите играчки години.
Фото: Grok AI