Оскар призна дека сака пари: Не можам да бидам сиромашен на старост и да живеам од спомени!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во 2017 година најголемо изненадување беше трансферот на Оскар кој си замина од Челси и потпиша за Шангај од Кина.

Оскар не размислувал премногу за понудата и за лигата во која ќе игра затоа што му била понудена плата од 20 милиони евра годишно, а Челси доби отштета од 60 милиони евра.

Таква плата во моментот не можеше да добие никаде, па поради тоа бразилскиот фудбалер реши да си замине поради пари во Кина.

„Кина има голема финансиска моќ и некои понуди не се одбиваат. Доаѓам од сиромашно семејство, ова е плод на мојата напорна работа и се чувствувам како победник. Не сакам во старост да бидам сиромашен и да живеам од спомени“, вели Оскар.

Оскар во моментов игра за Шангај Порто и има тригодишен договор, а досега за екипата постигна 48 голови и 90 асистенции на 161 настап.