Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бомба“ во режија на Тотенхем и тоа можеби најголемата ова лето во Европа. Во самиот финиш на преодниот рок лондонскиот клуб се обидува да ги донесе Пауло Дибала и Филипе Кутињо.
Кутињо сакаше да се врати во Ливерпул, но тренерот Јирген Клоп не успеа да му најде место во тимот, па поради тоа Арсенал беше најреална опција, додека не се вклучи Тотенхем.
Доколку Тотенхем успее да го ангажира него на позајмица, тогаш тоа значи и заминување на Кристијан Ериксен, а следна дестинација на Данецот најверојатно ќе биде Реал Мадрид.
Од друга страна, лондонскиот гигант најверојатно го победил и Манчестер јунајтед во борбата за Пауло Дибала, кој треба да пристигне во Тотенхем за 70 милиони евра.