Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Против осум члена на медицинскиот тим ќе биде почната постапка поради можна одговорност за смртта на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона.
Судијата нареди да почне постапка поради намерно или ненамерно влијаење на смртта на поранешниот спортист, откако истрагата потврди дека имало нерегуларности и пропусти.
Марадона почина во ноември 2020 година од срцев удар во Буенос Аирес, а истиот месц беше на операција поради опреација на главата.
Неколку дена по неговата смрт, аргентинското обвинителство почна истрага за неговото лекување, по што беше потврдено дека медицинскиот тим постапувал неодговорно во однос на лекувањето.
Казната за ова дело е од осум до 25 години затвор, според аргентинските закони.