Освен со Реал, ПСЖ договори трампа и со Јувентус: Во Торино оди Меуние, во Париз доаѓа Де Шилјо

Од раководството на ПСЖ сериозно работат на неколку трансфери во последните моменти од преодниот рок.

Имено, откако ја договорија трампата со Реал Мадрид за размена на голманите Навас и Ареола, и откако го договорија Серхио Рико од Севилја, сега од ПСЖ се впуштија во нова акција.

Имено, Томас Меуние е на пат да го засили тимот на Јувентус, додека во спротивен правец, кон ПСЖ ќе се упати Матија Де Шиљо.