Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Се ближи крајот на лигашкиот дел на Евролигата, а шпанскиот “Ел Корео” откри колку награди ќе освојат учесниците на крајот на тековната натпреварувачка година.
Евролигата ќе го распределува наградниот фонд од 8.8 милиони евра од 1 до 14 место. Според пишувањето, освојувачот добива 1.7 милиони евра (1.769.953). Тоа е износ кој во Европа одговара на платата на еден добар играч. За споредба, сите најплатени играчи оваа сезона до 14-то место по плата, имаат над 2.000.000 евра.
Второто место изнесува околу милион евра (1.002.973), а третото 884.977 евра.
Наградата за 14-то место е 176.995 евра, а последниот тим кој ќе се пласира во плеј-ин (10-то место) ќе заработи 412.990 евра. За директен пласман во плеј-оф, шестиот тим ќе добие 648.983 евра.
“Ел Корео” додава дека најголемиот дел од наградата претставува така наречениот „маркет пул“, чии податоци се стриктно чувана тајна на Евролигата и кој се пресметува врз основа на значењето на секој клуб во натпреварувањето.
Шпанскиот весник ја спореди наградата со ФИБА Лигата на шампионите, која доделува 600.000 евра на шампионот, а распределува 40.000 евра меѓу 32 учесници и наградува секоја победа во Топ 16 фазата и четвртфиналето со 7.500 евра.
Награден фонд на Евролигата
- место – 1.769.953 евра
- место – 1.002.973 евра
- место – 884.977 евра
- место – 766.980 евра
- место – 707.981 евра
- место – 648.983 евра
- место – 589.985 евра
- место – 530.986 евра
- место – 471.784 евра
- место – 412.990 евра
- место – 353.990 евра
- место – 294.992 евра
- место – 235.993 евра
- место – 176.995 евра