Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Барселона оваа сезона го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи, а во тимот на Ханси Флик се истакнаа неколку играчи. Но, шпанските медиуми тврдат дека од сите нив само двајца се “недопирливи” и нема да бидат достапни за продажба летово.
Каталонскиот клуб игра одлична сезона во која успеа да освои тројна круна во Шпанија, а единствено тимот на Барселона на крајот зафали во Лигата на шампионите каде што испадна во полуфиналето.
Ханси Флик не можеше ни да сонува за подобар почеток во Барселона бидејќи веќе во првата сезона успеа да освои скоро сè што можеше.
Сигурно е дека во следната сезона ќе има поголеми очекувања од Флик и неговиот тим, што ќе донесе и дополнителен притисок, па од таа причина германскиот тренер се надева дека клубот ќе успее да му донесе неколку засилувања.
Меѓутоа, со оглед на тоа што финансиските проблеми сè уште не се целосно решени, изгледа дека Барселона прво ќе мора да продаде некои од играчите ако сака да доведе звучни засилувања.
Каталонскиот Спорт денес објави дека на списокот на “недопирливи” се само Ламин Јамал и Педри кои оваа сезона се во фантастична форма, но многумина не кријат изненадување што на листата се само тие двајца.
Фотографија: Принтскрин