Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карим Бензема ги воодушеви сите со неговиот настап во реваншот против ПСЖ, кога постигна хет-трик и го елиминираше францускиот клуб од Лигата на шампиони (ЛШ).
Бензема во последните 30 минути од регуларниот дел од мечот го наполни голот на Џанлуиџи Донарума и го однесе Реал Мадрид во четвртфинале.
Одличниот голгетер притоа стигна до бројката од 309 голови во дресот на „кралевите“ и стана трет најдобар стрелец во историјата на екипата, зад Кристијано Роналдо и Раул Гонзалес.
Тешко кој може да остане имун на успехот на Бензема, па така една порака му испрати Стефани Ернандез, која може да се смета за неморална.
„Бензема, ти ја нудам својата утроба за да направиш три сина. По еден за секој гол“, напиша Колумбијката која во 2016 година на Олимписките игри (ОИ) во Рио освои бронзен медал.
Benzema te ofrezco mi vientre pa engendrarte tres muchachos… Uno por cada gol 😍
— Stefany Hernández OLY (@hernandez469) March 9, 2022