Откажана е трката од Мото ГП во Катар!


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Одложувањето на трката во Катар го оддолжи почетокот на Светското првенство во Мото ГП.

Трката која требаше да се вози во Лосаил беше откажана поради стравувањата од коронавирус, поточно за потенцијалните патници од Италија.

Патниците од Италија би требало да поминат 14 дена во карантин по пристигнувањето во Катар, што е неприфатливо бидејќи целата екипа на Дукати доаѓа од Апенините.

Трките од преостанатите две категории на Мото2 и Мото3 ќе се одржат според планираното, бидејќи возачите веќе се во Доха.