Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за млад голман Арон Рамсдејл кој се огласи и откри дека веројатно се заразил додека пазарувал.
„Мојот тест минатиот понеделник, пред да започнеме со тренинзите, беше негативен“, изјави тој за „Сан“ и продолжи: „Затоа, правев вообичаени работи како одење во супермаркет или бензинска пумпа за полнење гориво за изминатата недела. „Бев исто толку внимателен како порано за време на изолацијата и се чини дека ја добив короната за време на шопингот“.
Патем, овој голман тренираше нормално со екипата минатата недела затоа што британските власти дозволија тренинзи во помали групи. Вели дека не чувствувал никакви симптоми.
“Сега имам седум дена изолација. Не е добро кога станува збор за тренинзите. Клубот беше фантастичен. Фудбалерите, а особено персоналот, ми рекоа да се чувствувам слободен да прашам дали ми треба нешто”.
Патем, Рамсдејл е голман кој има само 22 години и ја започна својата кариера во Бурнемут. По серија позајмици минатото лето, тој се врати во тимот и ја доби позицијата на прв голман.
Да додадеме дека има шест позитивни случаи на инфекција со коронавирус биле откриени во Премиер лигата во текот на првата серија на тестови.