Откриен идентитетот на човекот кој го прекина мечот меѓу Гранада и Манчестер јунајтед 🎥


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Гранада и Манчестер јунајтед беше прекинат на момент затоа што еден навивач без облека влета на теренот, откако некако успеа да се пробие на стадионот на кој немаше публика.

Шпанските медиуми пишуваат за неговиот идентитет, а тој не бил обичен навивач, туку станува збор за познатиот Олмо Гарсија.

Гарсија е успешен бизнисмен во Гранада и често знае да се шета без облека на себе, за што биле неколку пати казнуван од локалната полиција.