Откриен условот на Халанд за Реал: „Ќе дојдам само ако…


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Според пишувањата на шпанските медиуми, норвешкиот голгетер постави јасен услов за можен пристап во Реал Мадрид. И тоа не е ниту платата, ниту должината на договорот, ниту клаузули. Во прашање е – тренерот.

Најверојатно, Халанд би бил подготвен да размисли за транзиција на Сантијаго Бернабеу само под еден услов: ако клубот за нов тренер го именува Јирген Клоп.

Пораката е, според тие извори, јасна. “Ќе дојдам, но само ако тој го води проектот.”

Халанд смета дека само под водство на Клоп може да игра во систем кој му одговара најмногу, а тоа е агресивен пресинг, брза транзиција и директен фудбал. Стил кој веќе го направи еден од најубоените напаѓачи денес во дресот на Манчестер Сити.