Откриена е следната дестинација на Бен Арфа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хатем Бен Арфа може да се посвети во изборот на понудите за наредниот ангажман. После феноменалната сезона во Ница, му истече договорот и е еден од најбарените слободни агенти во Европа.

Севиља баш загриза за доведување на Хатем Бен Арфа, а спортскиот директор Мончи верува дека во Французинот се крие огромен капитал и дека за година-две може да го продаде за огромни пари.

Како слободен агент Хатем Бен Арфа може да чека и да одолговлекува додека не добие голем договор, а токму Севиља спреми 8.4 милиони бруто по сезона за договор на две години, пренесуваат локалните медиуми во Андалузија.