Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ралф Рагник е многу блиску да стане нов предводник на Милан и ќе го преземе тимот од следната сезона.
„Билд“ пренесува дека човекот кој во моментов работи во РБ Лајпциг речиси сигурно ќе биде нов трнер на италијанскиот клуб.
Токму преговорите со Ралф Рагник биле причината да избувне незадоволство помеѓу Ѕвонимир Бобан и Паоло Малдини од една и Иван Газидис и „Елиот менаџмент“ од друга страна.
Бобан во секој момент треба да замине од клубот, додека се очекува него да го следи и легендарниот Паоло Малдини.