Откриена причината зошто ВАР не се користел на мечот меѓу Бразил и Аргентина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентина пред неколку дена беше поразена во првото полуфинале од средбата меѓу Копа Америка од Бразил со 0-2.

Репрезентативците на Аргентина сметаат дека биле оштетени на мечот, зашто не им биле досудени два пенали.

За да биде уште полошо, судијата Замбрано не употреби ВАР-технологија ниту за една од двете ситуации, поради што Аргентинците збеснаа.

Сепак, се појави информација од страна на медиумите во Бразил дека Замбрано не можел да комуницира со ВАР-собата, зашто комуникациите не функционирале.

Бразилските медиуми пишуваат дека обезбедувањето на бразилскиот претседател користеле иста фреквенција како и судиите.

На крајот се огласија и организаторите, кои признаа дека имало проблеми, но наводно тие биле веднаш решени.