Откриени детали од нападот врз Отаменди: Крадците ептен го „олесниле“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалските медиуми пишуваат за хоророт кој му се случувал на Николас Отаменди. Дефанзивецот на Бенфика беше ограбен од крадци во неговиот дом, кои си заминале со 300.000 евра.

Напаѓачите му ставиле лисици на рацете и го врзале околу вратот, а потоа го натерале да влезе во домот, каде што се наоѓала неговата сопруга.

Медиумите објавија дека крадците успеале да му украдат 300.000 евра во накит, часовници и пари, а Бенфика го потврди инцидентот.

„Фудбалерот и неговото семејство се добро и покрај големата непријатност. Бенфика сака да повика на почитување на приватноста на играчот и неговото семејство од страна на медиумите додека трае истрагата“, соопшти португалскиот клуб.