Откриени детали од трансферот на Халанд во Манчестер сити: Нема да биде најплатен!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Ерлинг Халанд се договорил со Манчестер сити и во следните денови официјално ќе потпише договор со премиерлигашот, кој е блиску да ја освои Премиерлигата.

Италијанскиот новинар објави дека Сити ќе го ангажира Халанд со активирање на откупната клаузула во висина од 75 милиони евра.

Халанд нема да стане најплатен фудбалер во Манчестер сити, туку на тоа место ќе остане Кевин Де Брајне.

Тоа е многу важно за соблекувалната на „граѓаните“, затоа што така нема да се наруши добрата атмосфера која владее во клубот.

Исто така, Халанд ќе стави потпис на договор до 2027 година.