Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ по натпреварот против Камерон Нори во Дејвис Купот кажа дека му бил побаран допинг-тест пред почеток на натпреварот.
Поранешниот француски велосипедист Марк Мадио го нападна Ѓоковиќ и го обвини дека одбил да се тестира, а поради тоа треба да заработи суспензија.
Меѓутоа дека нема да биде изречена суспензија за Србинот поврди и Меѓународната агенција за тениски интегритет во изјава за „Л’Eкип“.
„Важно е да се нагласи дека Ѓоковиќ не одби да се тестира. Правилото е играчот да биде информиран и потоа е дложен да се тестира колку што е можно поскоро. Во Дејвис Купот тенисерот може да биде информиран и пред мечот, додека во другите натпреарувања тоа вообичаено по мечот. Постои процедура и тенисерите имаат право да одлучат дали ќе се тестираат пред или по натпреварот“, објасни од Меѓународната агенција.