Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шест маскирани напаѓачи влегле во јануари 2020 година во домот на легендарниот англиски фудбалер Ешли Кол, по што го ограбиле, но притоа решиле и да го мачат пред семејството.
Обвинителството го опиша нападот во неговиот дом како насилен, а за деталите во текот на судењето зборуваше главниот обвинител Мајкл Брејди.
„Ешли Кол го врзале за стол пред неговата жена и деца, а еден од разбојниците предложил да му сечат прст. Биле вооружени, а ниту присуството на децата не ги запрело да го малтретираат“, вели Брејди.
Истата група предводена од 44-годишниот Куртис Дилкс е обвинета дека ограбила куќа и на поранешниот играч на Тотенхем, Том Хадлстон.