Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Каталонските дневни весници „Мундо Депортиво“ пишуваат дека Чаби Алонсо повеќе нема поддршка од соблекувалната на Реал Мадрид и дека дури петмина фудбалери на кралскиот клуб не се задоволни од неговата работа.
Беа потребни само два лоши резултати, пораз од Ливерпул 0:1 во Лигата на шампиони и нерешен резултат 0:0 со Рајо Ваљекано во Ла Лига, за да се загрее атмосферата околу Хаби Алонсо. Откако мадридскиот печат го „распара“, тренерот на Реал Мадрид неодамна се најде на удар на најистакнатите спортски весници од Каталонија, „Мундо Депортиво“.
Иако Хаби го води Реал во Ла Лига со три бода предност пред Барселона, споменатиот периодичен весник известува за „пукнатини во соблекувалната. Чини се дека на баскијскиот тренер, кој е многу методичен, му недостасува поддршка од играчите“.
Според меидумот, тимот „има малку или никаква врска со новиот тренер, а во колектив полн со его како тој во Реал Мадрид, ова се чини како семе од нешто поголемо. Првиот раскол“.
Истите весници ги именуваат петте ѕвезди кои наводно се незадоволни од Алонсовата тактика и прецизност: Џуд Белингам, Винициус Жуниор, Тибо Куртоа, Едуардо Камавинга и Федерико Валверде.Фактот дека Винициус нема најдобар однос со својот тренер беше очигледен (не само) за време на Ел Класико против Барселона (2:1), кога бразилскиот репрезентативец се пожали откако беше заменет и се закани дека ќе го напушти Реал Мадрид.
Неколку дена подоцна, Винисиус мораше јавно да се извини поради своето однесување пред навивачите и соиграчите, но не и лично на Алонсо. Пред медиумот, во радио емисија на Marca се водеше дискусија за тоа како соблекувалната на Реал Мадрид не го поддржува тренерот.
„Недостасува врска, однос меѓу Алонсо и играчите. Недостасува енергија, недостасува меѓучовечко чувство кое би ја олеснило работата и довербата во групата“, нагласи новинарот Серхио Серкеира.














