Откриени нови детали за трејдот на Дончиќ – за сè е виновен Денвер?!


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Сопственичката на Лос Анџелес Лејкерс, Џини Бас, откри нови детали за трејдот на Лука Дончиќ.

Бас откри дека Дејвис бил незадоволен од својата улога во тимот, што ги поттикнало Лејкерс да се согласат на оваа размена.

Дејвис се жалеше на позицијата на која играше“, изјави Бас, додавајќи дека одлуката за трејдот била корисна за двете страни..

Иако Дејвис не побарал експлицитно трејд пред да биде вклучен во договорот со Маверикс, јасно е дека не бил целосно среќен во Лос Анџелес.

Исто така, според информациите на Тим Бонтемпс од „ЕСПН“, Далас планира да го трејдува Дејвис летово за максимално да ја искористи неговата вредност, со оглед на тоа што „Маверикс немаат шанси да освојат прстен со овој тим“.

Последните три години губевме во плеј-офот од Денвер Нагетс и навистина немаме ништо што би изгледало поинаку во претстојните плеј-оф дуели“, додаде Бас.