Откриено е зошто Ѓоковиќ со семејството сака да го напушти Белград


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Српската јавност пред неколку дена беше изненадена од веста дека Новак Ѓоковиќ размислува да ја напушти Србија и дека планира со семејството да живее во Грција. Исто така, се појави и информација за причината поради која Ѓоковиќ одлучил да го напушти Белград.

Ѓоковиќ не крие во јавноста дека Белград му е дом и покрај тоа што поголемиот дел од времето го поминуваше во Монте Карло, тој го користеше секој момент за да се врати во главниот град на Србија.

Исто така, еден од најдобрите тенисери на сите времиња минатите години сè повеќе време со семејството поминуваше во Белград и се чинеше дека тоа ќе биде неговата „база“ и по завршувањето на играчката кариера.

Меѓутоа, јавноста пред неколку дена беше изненадена од веста дека Ѓоковиќ сериозно размислува да ја напушти Србија.

Одредени медиуми во регионот објавија дека Ѓоковиќ планира со семејството да се пресели во Грција и дека веќе гледал куќи како и училишта за своите деца во Атина, но и на југот од оваа земја.

Таквата одлука ја шокираше српската јавност бидејќи не очекуваа дека Ѓоковиќ воопшто ќе размислува по завршувањето на кариерата да живее на друго место освен во Белград, но очигледно тоа се случи.

Француските медиуми дури објавија дека е познато и причината поради која Ѓоковиќ решил да се исели од главниот град на Србија.

Најверојатно, тоа е поради цензурата која владее во таа земја од страна на актуелната власт за сите оние кои ја поддржаа студентската иницијатива против Александар Вучиќ и неговите соработници.

Фото: Принтскрин