Откриено кој платил милион евра кауција за Алвеш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш излезе од затворот во Барселона, откако беше уплатена сумата од еден милион евра за неговата кауција.

Бразилецот беше зад решетки дури 14 месеци и сега ќе се брани од слобода, откако претходно Судот му изрече затворска казна од четири ипол години, но одбраната реши да се жали на одлуката.

Медиумите пишуваат дека спасител на Алвеш е ѕвездата на Атлетико Мадрид, Мемфис Депај кој упатил сума од милион евра.

Алвеш не смее да ја напушта Шпанија додека не биде донесена конечна одлука за неговата иднина.