Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Остана Александар Митровиќ на Блискиот Исток, но не и во истата земја! Фабрицио Романо ја пренесе веста, а катарските медиуми веќе го комплетираа трансферот, па се очекува само официјализирање на српскиот напаѓач во Ал Рајан!
Како што Ал Хилал пронајде поголем број опции на позицијата шпиц, Александар Митровиќ, кој во последно време имаше проблеми со повреди, беше отстранет од богатата платна листа на подолг рок. Тоа, сепак, не значи и краткорочно!
Според извештаите на катарските медиуми, Митровиќ во наредната година ќе заработи 16.000.000 евра! Да, добро прочитавте. Целиот пакет се состои од 10 милиони, колку што ќе му дава Хилал по раскинот, како и 6 милиони во новиот клуб Рајан.
Фото: Принтскрин