Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд вчера официјално потпиша за Борусија Дортмунд. Германската екипа за него плати 20 милиони евра и го доби потписот на 19-годишниот фудбалер, кој ја воодушеви Европа со своите настапи во Салцбург.
Халанд постигна дури 22 голови сезонава и привлече интерес на многу гиганти, а иако многумина беа сигурни дека Норвежанецот ќе потпише за Манчестер јунајтед, сепак тоа на крајот не се случи.
Англиските медиуми пишуваат дека „виновник“ за тоа е Мино Рајола, кој ги водел преговорите, па тој барал откупна клаузула во договорот на Халанд од „само“ 50 милиони евра, а тоа Јунајтед не го прифатил.
Така продолжи лошиот однос меѓу Рајола и раководството на „црвените ѓаволи“, кој трае веќе некое време.