Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, на конференција за медиуми по победата против Корентан Муте, зборуваше за својот пријател, кум и соработник Милјан Амановиќ, кој не е дел од неговиот тим на Ролан Гарос бидејќи моментално е на болничко лекување. Пошироката тениска јавност така дозна дека Амановиќ има здравствени проблеми, што ги загрижи многубројните навивачи на Ѓоковиќ.
Миљан и пред неколку години имаше сериозни здравствени проблеми и четири пати лекарите го реанимираа, но овој пат причината за одлуката да оди во болница е различна. Новак во Париз изјави дека неговиот кум е во стабилна состојба, а изгледа дека Милјан наскоро ќе добие дозвола да замине од болницата.
„Амановиќ пред неколку недели имаше операција на синусите, а сега дојде до компликации. Конкретно, дојде до крварење од носот кое не може да се запре со вообичаените процедури, па мораше да се лекува во болница. За среќа, наскоро се очекува да биде пуштен од болницата”, напиша новинарот Саша Озмо на социјалната мрежа “X”.
Фото: Принтскрин