Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу љубители на фудбалот се загрижија поради веста дека легендарниот Диего Армандо Марадона е во болница, и тоа неколку дена по неговиот 60. роденден.
Иако првите информации беа дека тренерот на Химназија Ла Плата е во болница поради корона, сепак докторот на тимот излезе во јавност и ја објасни неговата состојба.
„Ова беше тешка недела за него на емотивен план. Голем притисок кој создаде лошо расположение. И неговата диета влијаеше на тоа. Забележавме дека се однесува различно и затоа го испративме во болница“, соопштија од клубот.
Марадона е хоспитализиран во моментов и докторите будно ќе ја следат неговата здравствена состојба, а во следните денови се очекуваат и нови детали.