Откриено зошто Винисиус не ја доби „Златната топка“


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид се налути откако Винисиус Жуниор не ја доби „Златната топка“, туку престижната награда му припадна на Родри од Манчестер сити.

Главниот уредник на „Франс Фудбал“, Винсен Гарсија даде коментар за случувањата во Париз и објасни зошто Бразилецот не бил освојувач на наградата.

„Тоа се случи затоа што меѓу најдобрите пет беа и Џуд Белингам и Винисиус Жуниор и на некој начин математички загуби поени од своите соиграчи, односно дел од гласовите. Ова е резултат и на минатата сезона на шпанскиот клуб, каде што гласовите беа распределени на неколку играчи“, објави Гарсија.

Родри стана првиот Шпанец освојувач на наградата по пауза од 64 години.