„Отпишаните“ го вратија Реал Мадрид во живот: Иско и Азар го „потопија“ Елче 🎥


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид успеа да слави со 2-1 против Елче, но многу потешко од очекуваното во шпанскиот Куп, па така екипата на тренерот Карло Анчелоти избори четвртфинале.

Реал Мадрид напаѓаше во текот на целиот натпревар, но не можеше да постигне гол против Елче, кој одлично се бранеше во првите 90 минути.

Марсело му направи проблеми на тимот во 102. минута, кога заработи директен црвен картон, а потоа Верду погоди за да го израдува Елче (1-0).

Резервистите на „кралевите“, Иско и Еден Азар беа херои вечерва за Анчелоти бидејќи постигнаа по еден гол до крајот на натпреварот за триумф од 2-1.