Ова е крајот на Абрамович, но не и на Челси: Премиерлигата со нов удар против Русинот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управниот одбор на Премиерлигата го дисквалификуваше Роман Абрамович од директорското место во Челси, а официјално беше потврдено од портпаролот на англиската лига.

Одлуката на одборот нема да влијае на можноста клубот да тренира и да ги игра своите натпревари, како што е наведено во условите на лиценцата издадена од страна на Владата и која важи до 31 мај 2022 година.

„Откако Владата на Велика Британија реши да воведе санкции, Управниот одбор на Премиерлигата го дисквалификуваше Абрамович од директорското место во Челси“, соопштија од лигата.

На Челси претходно му беа замрзнати сметките, па тимот не може да прави трансфери, ниту да потпишува нови договори додека не најде нов сопственик.