Поразот од Билбао многумина ги болеше во Мадрид. Атлетико е во проблем, а во центарот на вниманието беше Хулијан Алварез кој по влегувањето на теренот беше пречекан со слеваци свирежи од трибините, поради неговата јасна намерa да замине во Барселона.
На крајот остана, ќе се чека јануари за нов можен трансфер, а пред да дојде до тоа, аргентинскиот фудбалер ќе мора да го поправи однесувањето.
И тоа веќе го направи. Како што известува “Марка”, во неделата се појави на тренинг каде што се обиде да ги придобие сите повторно преку залагање на тренингот и позитивен однос кон остатокот од екипата.
На сите им е важно Алварез да игра во најдобра форма, а веќе оваа недела имаат уште еден тежок испит кога ќе им гостува Ливерпул во рамките на Лигата на шампионите.
















