Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Чаби Алонсо би можел да добие отказ на клупата на Реал Мадрид ако згреши против Алавес, а веќе е познато кој ќе го преземе тренерското место. Главниот фаворит е Алваро Арбелоа.
Алваро Арбелоа е главниот кандидат за нов тренер на Реал Мадрид. Барем така тврди новинарот Ману Карено.
Чаби Алонсо се наоѓа во незавидна позиција. Можна грешка против Алавес би ја продлабочила кризата во кралскиот клуб, а шпанските медиуми тврдат дека би можел да добие отказ.
Многу тренери се поврзуваат со доаѓањето на клупата на Реал. Сепак, главниот кандидат е Алваро Арбелоа, моменталниот тренер во Кастиља, а новинарот Ману Карено открива дека неговото доаѓање е речиси сигурно ако дојде до отказ.
















