Ова ќе го заболи Роналдо: Барселона го провоцираше по мечот, а одговори и Јувентус! ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона триумфираше против Јувентус во Торино со 2-0 во рамки на второто коло од Лигата на шампиони (ЛШ). Каталонците без многу мака го совладаа италијанскиот шампион, во чии редови го немаше Кристијано Роналдо.

Па така, немавме можност да гледаме нова пресметка меѓу најдобрите двајца во светот, а Лионел Меси сам на теренот постигна гол и имаше асистенција.

Каталонскиот тим по натпреварот реши да го провоцира Роналдо со објавата на Твитер.

„Мило ни е што на теренот можевме да го видиме најдобриот во свет на вашиот терен“, напишаа од Барселона.

Сепак, веднаш следеше одговор од страна на Јувентус.

„Најверојатно гледавте во погрешен речник. Ќе ви го донесеме вистинскиот на ‘Камп Ноу’“, напишаа од италијанскиот тим.