Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вест хем славеше против Фулам со 1-0, а заслуга за тоа имаше фудбалерот на гостинскиот тим Адемола Лукман, кој промаши пенал во последните секунди од натпреварот.
Англичанецот се реши на паненка и притоа се посрамоти. Тој шутираше ужасно, па Лукас Фабијански без проблем го запре неговиот удар.
Сцената по промашувањето покажа и зошто фудбалот е повеќе од игра затоа што вакво промашување може да му се случи на било кого.
Разочараниот Лукман се фати за глава, при што му пријде противничкиот фудбалер, Фабијан Балбуена, кој го утеши ривалот, иако можеше да оди и да прослави со своите соиграчи.
IMAGINE DOING THIS TRYING TO GET A POINT IN THE LAST MINUTE OF THE GAME LOOOOOOL pic.twitter.com/XIXXLdCaRv
— Uber West Ham (@UberWestHam) November 7, 2020