Ова навистина никој не го очекуваше, Рашфорд е број 1 во Европа


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Маркос Рашфорд на најдобар можен начин ја искористи повредата на Рафиња и изминатите недели ги оправда очекувањата на каталонската јавност, што го потврдуваат и бројките.

Aнгличанецот е најефикасен играч во тимот на Ханси Флик, со шест гола и девет асистенции. Истовремено, Рашфорд е и најдобриот асистент во „петте лиги“ со седум асистенции во Ла Лига.

Во Премиер лигата најдобри по три асистенции се – Антоан Семењо, Жоао Педро и Бруно Фернандеш. Во Бундеслигата најдобри асистенти се Луис Дијаз, Узун од Ајнтрахт и Ромуло Кардозо од РБ Лајпциг, колку што имаат и Нико Паз и Франко Димарко во Серија А. Најблизу до Рашфорд со две асистенции помалку е Реаловиот Арда Гулер, кој има пет. За крај, тука е и Лига 1, со по четири асистенции се Кебал од Париз и Кореа од Лил.

Вистина, овој параметар нема да биде клучен во одлуката на Барса да го откупи Рашфорд, бидејќи Ханси Флик од него очекува уште поголема заложба во пресинг и игра во одбрана, во што токму синоќа во Виго беше подобар од досега.

Сепак, јасно е дека во Барселона немаат причина да не го откупат Рашфорд за само 30.000.000 евра.