Ова не е шега: Бејл станува фудбалер во младинскиот тим на Реал…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред Бејл претстои лето на големи одлуки.

Велшанинот никако да се истакне како клучен фудбалер на Реал Мадрид, уште од моментот кога пристигна на „Бернабеу“ за огромна сума.

Со заминувањето на Кристијано Роналдо се очекуваше некогашниот фудбалер на Тотенхем да стана најважна алка во „Кралскиот“ клуб, меѓутоа сега дојде блиску до тоа да тренира со младинците.

Имено, шпанските медиуми наведуваат дека на Бејл му е даден ултиматум – или ќе го напушти клубот ова лето или ќе биде префрлен во вториот тим на Реал, кој е составен претежно од играчи од младинската школа на клубот.

Мадриѓаните се многу лути на неговиот менаџер кој неколкупати истакна дека неговиот клиент сака да остане во Реал до крајот на својот договор кој важи до летото 2022. година.

Зинедин Зидан исто така сака да му го види грбот, не го вкрсти во тимот изминатиот викенд, па е јасно дека разделбата е блиску.

И покрај тоа, Бејл истакна дека сака да се бори за своето место во тимот, но Реал со задоволство би сакал да го продаде и да ослободи простор за плата бидејќи Велшанинот чини 500 илјади фунти на неделно ниво.