Ова не личи на Роналдо – погоди статива од пет метри (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед славеше со 3-2 против Омонија во третото коло од групната фаза во Лига Европа, а Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека не личи на фудбалерот од пред неколку години.

Омонија прва постигна гол за 1-0, по што Јунајтед на стартот на вториот дел го сврте резултатот во своја корист со головите на Рашфорд и Марсијал.

Рашфорд постигна и втор гол на мечот во 84. минута за 3-1, но Омонија не се предаваше и во следниот напад намали на 2-3, по што го внесе мечот во драматична завршница.

Роналдо имаше една една асистенција за Рашфорд, но во 78. минута пропушти можност да ја запечати победата на „ѓаволите“.