Ова не се гледа секој ден: Ѕвезда на Рома сакаше да го тепа судијата (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Рома го загубија дербито од Наполи на домашен терен со 0-1, а домаќините не беа задоволни со дел од одлуките на главните судија Масимилијано Ирати.

Драмата почна во 39. минута кога беше досуден пенал за Наполи, а истиот беше поништен по прегледување на ВАР-технологијата, по што следеше бурна реакција на Жозе Мурињо кој побара жолт картон за противничкиот фудбалер.

Победничкиот гол за Наполи го постигна Виктор Осимен во 81. минута, но фудбалерите на Рома сметаа дека тој направил прекршок додека се борел за топката.

На крајот нервите ги загуби Рик Карсдорп кој му се развика на судијата, а Ирати му покажа црвен картон, по што за малку фудбалерот на Рома ќе се степаше со него.