Ова никогаш не сте го виделе: Енрике ја напушти клупата, па командуваше „од далечина“ во второ полувреме


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Актуелниот шампион на Европа – Пари Сен Жермен, започна фуриозно со одбраната на титулата во Лигата на шампионите, откако ја совлада Аталанта на Паркот на Принцовите со 4:0.

Како што играа, можеа и 10 да им дадат, а да не беше најсрамно изведениот пенал, барем ќе беше петарда.

Луис Енрике ја водеше екипата, иако неодамна имаше сообраќајна несреќа, кога падна од велосипед при голема брзина и заработи сериозни повреди. Беше во гипс и го водеше тимот од клупата во првото полувреме, а потоа во второто сепак одлучи дека е полесно да „командува“ од далечина, па на почетокот од второто полувреме се искачи во новинарската ложа, каде што пред себе го постави лаптопот, а имаше слушалки преку кои ги пренесуваше наредбите на својот асистент.

Имавме порано слични ситуации, но кога тренерите се суспендирани и не можат да го водат натпреварот уште пред да започне, но ваква ситуација, да еден тренер ја напушти клупата на полувреме, а потоа од трибините го води натпреварот, е вистинска револуција каква што не е видена во фудбалот.

Сепак, сето ова е изнудено бидејќи Енрике поради повредите не може да издржи цело време покрај клупата, па му беше поудобно да седне и од најдобриот можен агол да ги набљудува случувањата и да дава команди.

.