Ова се десетте најголеми разочарувања за новата сезона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот „Дејли Мејл“ издвои десет фудбалери во кои се вложи голема надеж, но кои барем засега тотално потфрлија на стартот на новата сезона.

Некои од нив, како Алексис Санчез си продолжија да заработуваат повреди, па токму затоа се најдоа на оваа листа на англискиот медиум.

Алексис Санчез -Интер

Направи трансфер во Интер и кога се очекуваше да ја подигне формата повторно се повреди и ќе биде надвор од терените уште одреден период.

Антоан Гризман -Барселона

Реализираше ултра богат трансфер на „Камп Ноу“ но се уште не се снаоѓа во каталонскиот клуб. Овој Гризман е бледа сенка на оној кој долги години беше предводник на Атлетико Мадрид.

Бертранд Траоре- Лион

Играчот кој неколку сезони беше меѓу најдобрите играчи на Лион оваа година има постигнато само еден погодок иако станува збор за напаѓач.

Фабио Кваљарела- Сампдорија

Искусниот напаѓач кој минатата сезона беше откровение на сезоната со 26 постигнати погодоци, оваа година има само еден гол

Хирвинг Лозан- Наполи

Одби неколку клубови за да се пресели во редовите на Наполи, но барем засега воопшто не се снаоѓа во Неапол

Криштоф Пјонтек- Милан

Полскиот напаѓач е бледа сенка од оној играч кој тресеше мрежи во Џенова и во Милан минатата сезона. Пјонтек оваа сезонаима постигнато само три гола

Лука Јовиќ –Реал Мадрид

Реализира богат трансфер од Ајнтрахт во Реал Мадрид, но воопшто не се наметна кај Зинедин Зидан. Слабите партии го оддалечија и од репрезентацијата на Србија

Фелипе Кутињо –Баерн Минхен

Бразилскиот ас започна добро во Минхен, но како одминуваше сезоната играше се полошо и полошо.

Јаго Аспас- Селта Виго

Мизијане Маолида- Ница