Ова се вика љубов: Изнајмил кран за да го гледа омилениот тим


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Во Полска како и во многу други земји во Европа каде се играат натпревари не е дозволено присуство на публика поради можноста за ширење на коронавирусот.

Сепак, еден навивач на Сласк Вроцлав се сетил на доста иновативен начин и не пропуштил да го гледа натпреварот на својот тим против Висла.

Имено, навивачот изнајмил кран на кој се качил за да може да го погледне дерби натпреварот.

Сласк го доби натпреварот, а подоцна од клубот му се заблагодарија и на социјалните мрежи за ваквиот потег.