До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
По 14 месеци на клупата, Манчестер Јунајтед го отпушти тренерот Рубен Аморим, а дебатата за неговиот наследник веднаш престана. Меѓу првите што се изјасни беше поранешниот напаѓач на Црвените ѓаволи, Мајкл Овен, кој ги изнесе своите видувања за ситуацијата и предложи потенцијални кандидати, пишува GiveMeSport.
Изгледа дека експлозивниот настап на Аморим по неделното реми 1:1 со Лидс, во кој остро се обрати на челниците на клубот, беше капката што ја прелеа чашата. Управата на клубот ја објави одлуката за отпуштањето веќе следното утро, а Овен смета дека смената повеќе последица на однесувањето надвор од теренот отколку на самите резултати.
“Тоа е резултат на она што се случи надвор од теренот и малку е слично на она што се случи неодамна со Енцо Мареска”, рече Овен за Premier League Productions. “Аморим им даде оправдување да кажат: ‘Во ред, го имаше своето време, не оди добро, сега зборуваш нешта што се штетни за клубот. Доста ни е, тргни се понатаму.'”
На прашањето кого го гледа како идеален наследник, барем во преодниот период, Овен предложи друг поранешен играч на Јунајтед, Мајкл Карик, со кој има играно 33 пати за клубот и репрезентацијата. Иако екипата привремено ќе ја преземе тренерот на У-18 тимот, Дарен Флечер, Овен верува дека Карик би бил добро решение до крајот на сезоната.
















